Петар Печков
Објавено: четврток, 31 март 2011
По 10 години заедничка работа, солистката на велешката фолк група Соната, Катерина Брезева реши да гради солистичка кариера. Таа ја напушти групата Соната и отсега ќе настапува во соло водите, ќе пее поп нумери. Веќе ја снимила првата, која се очекува да биде промовирана во средината на месецов.
Разделбата била другарска и пријателска, што е разбирливо бидејќи петте члена беа заедно многу години. Тајмниногт на разделбата бил грижливо избиран, во време на Велигденските пости, кога нема свадби и групата Соната немаат настапи.
ТРМР и посакува успешна соло кариера.
п.с. Загрижените сватови можат мирно да ја чекаат свадбата. Сепак Кате ќе им пее заедно со Соната.
Tweet |