Петар Печков
Објавено: сабота, 31 мај 2014
Македонските кајакари на диви води, - слалом, натпреварите од Европското првенство кое се одржува викендов во Виена ги завршија во квалификациите.За потсетување таму учествуваа двајца велешани Спасиќ и Мирчевски.
Во петокот во К-1 меѓу 59 натпреварувачи најдобар пласман имаше Љубиша Спасиќ беше 49-ти со 25 секунди заостаток, па Борче Мирчевски со 28 секунди заостатокот Иван Делиев беше 58-ми со 90 секунди повеќе од најдобриот во двете трки. Во оваа конкуренција златото и среброто го освоија Чешките натпреварувачи Прскавец и Приндиц, додека трет беше Шпанецот Хернанс.
Во екипното возење 3хК-1 денес, сабота Македонија се пласираше на 13-тото место од 17 селекции, со 41 секунда послабо време од победникот- Германија.
Tweet |