Петар Печков
Објавено: недела, 29 јуни 2014
Кајакарите од Вардарската регата пронашле леш во водите на Вардар низводно од населбата Градско, на реката Вардар. Тие го пронашле во четвртокот попладне кога пловеле во реката на16-тета Вардарска регата.
Ден подоцна телото било извадено од страна на полициските специјалци и истото било во лоша состојба. Телото е предадено на обдукција, која треба да покаже кој е починатиот, а и причините за смртта.
За две седмици ова е втор човечки труп пронајден во ведлешки на реката Вардар.
Tweet |