Петар Печков
Објавено: вторник, 22 септември 2015
Велешанецот Љубомир Спасиќ, единствениот македонски репрезентативец, учесник на СП во кајак на диви води- слаломм, не успеа да стигне до олимписката норма.
Тој на СП кое викендов се возеше на олимписката патека во Лондон од 2012-тата натпреварувањето го заврши првиот ден, во елиминациите. На првата трка меѓу 102 учесници, беше 76-ти, додека во втората трка каде не учествуваа првите 30 пласирани од првата, Спасиќ го зазеде 50-тото место од 72 кајакари.
Со условите за тренирање и работа, толку беше оптимумот. Без тренер, единствен на СП бев сам, од местото адае престојував до патеката секој ден пешачев 30 минути со чамецот на себе. И додека останатите има апо седум дена тренинг, јас бев таму пред почетокот само два дена - вели репрезентативецот Спасиќ.
Последна можност Спасиќ во К-1 да се пласира на Олимпијадата во Рио е ЕП до година во мај во Литковски Миклуш, Словачка.
Tweet |