речник контакт

Кајакарот Стојановски предупредува дека од реката Вардар, во нејзиниот долен тек премногу се црпи песок и чакал

Од Министерството за животна средина, одговорија дека на реката Вардар низ водно од Велес до Гевгелија има 15 бази за вадење на песок и чакал, кои имаат дозвола за работа

Петар Печков

Велешкиот кајакар, кој дел од неговиот живот минува по реката Вардар, предупредува за тоа што се случува по нејзиното течение,  во долниот тек после Велес. При последното сплаварење  во јуни и учеството  на  Тиквешката регата, забележал многу непријатна слика.  

„На секои 100 метри по Вардар  има база за вадење на песок или чакал од реката.  Од толку што е изменет текот, не се знае каде му е течението, каде тој тече. Разлеан е како Дунав ама колку длабок. Премногу се уништува природата заради материјални добра“- предупредува Стојановски, кој по професија е дипломиран правник, кој работниот век го мина во велешка Топилница.

Тој е единствениот учесник на сите 22 Вардарки регати, кои се веслаа од Велес до Гевгелија. Но и голем вљубеник на реката Вардар која ја има пловено повеќе од 60 години. Од Министерството за животна средина, одговорија дека на реката Вардар низ водно од Велес до Гевгелија има 15 бази за вадење на песок и чакал, кои имаат дозвола за работа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »