речник контакт

Кај велешанец дома пронајдени халуциногени печурки и марихуана

Против него полицијата ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Велес

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда,  полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршиле претрес во дом на М.П. (27 год) од Велес.

“При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола. Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери“ - соопштија од МВР.

М.П. бил лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него полицијата ќе  поднесе кривична пријава до ОЈО Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »