Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2021
Кај жител на село Каратманово, пронајдени три илјади петарди. За настанот информираа од МВР.
„По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба за претрес, на 23-ти декември е извршен претрес кај З.Р. (55 год) од с.Каратманово, општина Лозово во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства, при што пронајдени се над 3000 парчиња пиротехнички средства“ пишува во билтенот на МВР..
По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |