речник контакт

Кики Велики успешен пример на лице со хендикеп

Велешанецот Киро Димитриовски деновиве го прослави неговиот голем јубилеј 40 години работа, датум кој е посебно значаен бидејќи тој е лице со посебни потреби, слеп од мали нозе.

Петар Печков

 Но тој не се предал пред животот, напротив успеал во многу сфери од работата и велешани го почитуваат, сакаат и му се восхитуваат. Енергијата со која тој секојдневно живее во темниот свет, не е пречка за да биде присутен на многу полиња, поради што од сограѓаните доби прекар Кики Велики кој најдобро го илустрира неговото животно мото, борец до крај. Се тоа допринесе да биде весел и позитивна личност која не се предава пред хендикепот што го има и се бори секој ден да му биде забавен и интересен

Како дете ме потценуваа , примитивизам владееше, штом не гледаш, штом не слушаш и си инвалид, отстранет си од животот јас со ова не се согласував. Ме потценуваа но јас се борев, не дозволував да седнам дома и се затворам. Учев, заврши за физеотерапевт во Белград, членува во КУД Керамичар во оркестарот, играв шах, за да станам познат меѓу велешани – вели Димитриоски кој и покрај неговите 69 години уште е активен на многу полиња во градот.

Деновиве е пресреќен, бидејќи неговата внука која живее во САД успала таму да најде редок примерок од неговата прва и единствена лонг-плеј плоча, каде тој е композитор и текстописец на десетина народни песни, компонирани од него во староградски стил. На изненадувањето и среќата немало крај.

Тоа е плоча снимена точно пред 40 години со оркестарот на Панче Тевчев во КУД Керамичар. Бевме многу радосни кога таа излезе, бидејќи беше прва отпечатена од велешки автори. Јас ги компонирав песните и го напишав текстот а пееја членовите на ансамблот Митко Абрашев од Штип и Коле Димов, два прекрасни гласа. Јас имав десетина примероци од плочата, ама кој дојде на готи кај мене ќе си земеше и не ги враќаше, така што и јас веќе десетина години немав ниту една моја песна. Сега ги дадов во велешките радија нека ги пуштаат за велешани да слушаат какви песни сум создал – објаснува Киро.

Но тој има и дузина други хоби и активности, пишува афоризми, лесен хумор, имитирам животни, коментира радио преноси. Незадоволен што македонската фудбалска репрезентација никако не се квалификува на некој голем фудбалски настан, тој преку неговите радио преноси на локално радио,  успеа преку квалификациите да стигне и на Светското првенство во Франција во 1998-та и таму за загуби во финалето од домаќинот, настан кој ги освои велешани.

Тој и покрај пензионерските денови продолжува со активниот живот, деновиве беше во Струга каде учествуваше на државното првенство во шах, за слепи лица, додава не му е важен толку пласманот туку можноста да се дружи со старите пријатели. Го освои 11-тото место од 15 учесници, но се радува на тој пласман, бидејќи за него поважно е што учество земале  повеќе млади луѓе кои се охрабриле и на тој начин се борат со нивниот хендикеп. Како физеотерапевт продолжува да се бави со неговото примарно занимање, со кое се бавел 32 години во велешката Болница, иако е пензионер 12 години.

Сеуште ме бараат пациенти, давам совети и масирам. Радосен сум што многу деца со церебрална парализа  им помогнав да се движат,  бидејќи работев со секое по 2-3 часа на ден. Не ми значеше што толку време им посветувам, туку дека им помогнав – вели Кики Велики, како што велешани милуваат да го именуваат. Тој е презадоволен од животот бидејќи сакал и успеал да докаже дека човек со тежок хендикеп како него,може да живее, да просперира, да учи, да се образува, да работи. Помогнал на многумина велешани, иако никогаш не ги видел, но ја чувствува нивната благодарност. Не пропушта можност да упати порака до сите лица со хендикеп, да не се предаваат, да не му даваат значење на инвалидитетот, да се бават со песна, шах, тоа е лек за душата, така ќе опстојат и ќе бидат почитувани граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »