Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2015
На наплатните рампи на делницата од автопатот Градско -Скопје, се сардисани. Километарски колони возила, попладнево чекаат да стигнат до Скопје. Продолжениот празничен Велигденски викенд е причина за гужвата.
Велешани кои вечерва се упатија до Скопје објаснуваат дека колоната возила е формирана и пред клучката од Штип. Се чекало 40-тина минути. Но штом ја минале наплатната кај Отовица, нов проблем. Се вози само во една лента што уште повеќе создава нервози и гужви.
Така што патувањето до Скопје, од Велес трае повеќе од два часа. Гужва се регистрирани и на наплатната рампа од автопатот кај Градско.
Tweet |