Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јануари 2011
Во време на економска криза, под чиј удар пред се се најдоа градежните фирми кои се занимаваат со изградба на високи згради, Кина денес е единственото место на светот каде и натаму се подигнуваат облакодери.
За неколку години, облакодерот повеќе нема да биде симбол на Северна Америка, туку на Азија. Додека во 1990 година на тлото на Северна Америка се наоѓале 80 отсто од стоте највисоки згради на светот, тој процент за оваа година ќе опадне на речиси 18 отсто, а во Азија ќе достигне 45 отсто, од кои 34 отсто ќе отпаднат само на Кина.
Кина веќе тогаш стекна предност на ова поле бидејќи шест од 15 највисоки облакодери на светот се наоѓаат на нејзина територија, што е три повеќе од САД.
Во Кина постојат места за кои поголем дел западњаци никогаш не слушнале, а кои имаат повисоки облакодери од половината водечки американски градови – вели Ентони Вуд, извршен директор на Советот за високи згради и урбано живеење при Институтот за технологија во Илиноис.
Оваа експанзија кон небото ја поттикнуваат локалните власти, кои сакаат имиџ на моќна држава и да го свртат вниманието кон меѓународниот капитал на своите градови.
Tweet |