Петар Печков
Објавено: петок, 03 април 2026
Предаден е на користење детскиот забавен парк во близината на Автобуската станица. Тој е донација од Амбасадата на Народна Република Кина. Донацијата е вредна 700 илјади денари.
„Задоволство ми е што сме во Велес, моја прва посета на градот. Соработувавме со градоначалникот за завршување на овој проект. Ќе продолжиме со поддршка на јавните работи во интерес на сите граѓани. Ги охрабруваме пред се младите, децата да излезат од дома, да практицираат забава, рекреација, спортуваат. Разговаравме со градоначалникот за соработка во економијата, туризмот, трговијата“ – кажа амбасадорката на Кина во Скопје Јианг Ксиаојан
Претходно до овој детски забавен парк со реквизити, локалната власт изгради спортско игралиште за кошарка, кое е осветлено, фудбалски терен со вештачка трева.
„Благодарност од името на граѓаните за оваа донација. Претходно со амбасадорката зборувавме и за други донации, но темите не беа затворени, останува уште да се договараме и постојат можности за други соработка, култура, спрот, фолклор“ – рече градоналчакникот Марко Колев.
Тој ги повика корисниците на овој детски парк, како и другите соседни содржини, да ги чуваат,оти се наменети за нив.
На настанот беше и парламентарецот Игор Здравковски кој е член на пратеничката група за соработка со Парламенот на Народна република Кина, во која членува и Димитар Апасиев.
| Tweet |






