речник контакт

Книга на годината во Македонија според читателите е „Коски на срцето“

Гласале 40 илјади читатели, за книги од девет категории и победници се:

Петар Печков

„Коски на срцето“ од американската писателка Колин Хувер е „книга на годината“ избрана од  македонските читатели на  веб-станицата www.kniganagodinata.mk. Книгата на Хувер, која со години е на топ листите на најпродавани во земјата и една од најбараните во библиотеките, освоила најмногу - 1597 гласови од читателите.

Во рамките на гласањето кое траело 10 дена читателите со над 40.000 гласови во девет категории ги избрале своите омилени книги за 2021 година.

Изборот е во  девет жанровски категории, по 15-20 номинации во секоја категорија од сите издавачи во земјата во текот на периодот на номинации кој му претходи на изборот, а потоа следи онлајн гласање на читателите. Се гласа за категориите: трилер, романса, историска драма, женска фикција, книга од домашен автор, детска книга, non-fiction, YA книга (Young adult) и победник во категоријата поезија.

Победничката , “Коски на срцето“ е книга од категорија Young adult и еве го заплетот: „Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива патот во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение на себеси. Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата. Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава. Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план…“
Наградените книги по категории се:

      „Трилери и мистерии“
1.    „Убиецот со распетието“ – Крис Картер
2.    „На пат кон дома“ – Себастијан Фицек
3.    „Човек од костени“ – Сорен Свејструп

       „Романси“
1.    „Шефот од соништата“ – Вај Киленд
2.    „Куба од моите соништа“ – Шанел Клитон
3.    „Седумте мажи на Евелин Хуго“ – Тејлор Џенкинс Рејд

     „Историски романи“
1.    „Искра надеж“ – Џулијан Меклејн
2.    „Птиците умираат пеејќи“ – Колин Мекалоу
3.    „Четирите ветришта“ – Кристин Хана

       „Женска фикција“
1.    „Те молам внимавај на мама“ – Кјонг-Сук Шин
2.    „Прекрасната самотија“ – Кристин Хана
3.    „Загубената сестра“ – Лусинда Рајли

       „Домашни автори“
1.    „Во војната и љубовта“ – Верица Митева
2.    „Храмот на натписите“ – Петар Стојановски
3.    „Куклата на Ана“ – Наде Стојилковиќ

      „Young adult“
1.    „Коски на срцето“ – Колин Хувер
2.    „Дамски гамбит“ – Волтер Тевис
3.    „Хари Потер и пламениот пехар“ – Џ.К.Роулинг

        „Нефикција“
1.    „Закопајте ми го срцето кај ранетото колено“ – Ди Браун
2.    „Подарокот“ – Едит Егер
3.    „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ – Харуки Мураками

        „Детски книги и сликовници“
1.    „Мистериозниот град под калето“ – Александра Тодоровиќ
2.    „До небото и назад“ (едиција Светулка)
3.    „Кој се плаши од Црвенкапа“ – Сара Шахинканат

        „Поезија“
1.    „Песни“ – Есенин
2.    „Девет преобразби во чудната шума“ – Пандалф Вулкански
3.    „Невино време“ – Иван Иванов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »