Зоран Николов
Објавено: сабота, 01 јули 2006
Шеесетина здруженија на граѓани, асоцијации и невладини организации од Република Македонија под мотото „Извинете се“ се обединуваат во Граѓанска коалиција со цел заеднички да вршат притисок врз носителите на јавните функции, да имаат повеќе слух за проблемите и потребите на граѓаните. Коалицијата, како што рече на прес-конференција нејзиниот координатор Драган Симоновски, меѓу другото, бара извинување од власта за лошиот третман на хендикепираните лица во земјава, за енормно скапиот Интернет, за хаосот и корупцијата во здравството, за дипломираните студенти за кои нема работа и др.
Tweet |