Петар Печков
Објавено: четврток, 02 септември 2010
Настанот се случил вчера околу 11 часот во зграда на улица 11 Октомври бр. 26 во близна на Брако, кога таткото на Даница Трајковска ( 13 год), работел на кровот од зградата а девојчето му помагало.
Тогаш таа невнимателно стапнала на стаклениот дел од кровот, по што тој попуштил, се скршил и девојчето паднало низ процепот, во меѓупросторот од скалите, од висина од 20-тина метри.
Ова семејство живееја на трети кат, но нешто имаа на кровот и од утрото таткото работеше, нешто коваше. Кога се вратив од пазар беше 11 часот, слушнав кршење на стакло, па силен тресок и пад. Кога излегов што да видам, во подрумските простории лежеше девојчето со силно крварење. Беше многу лоша глетка, викнавме брза помош веднаш ја однесоа. Како само успеал да мине низ тој процеп од еден метар од скалилата и тоа во висина од четири ката да падне е вистинско чудо – велат соседите.
Даница била згрижена во велешката болница, но поради сериозноста на повредите на главата таа веднаш била префрлена во Ургентен центар во Скопје а нејзиниот живот е во опасност.
Ист настан во оваа зграда се случи и во февруари кога старецот С.Д. ( 69 год) се превртел преку оградата и паднал од четврти кат.Падот го преживеа, но по неколку дена подоцна тој почина. Меѓупросторот од скалилата и натаму е необезбеден, и половина година се случија два идентични инцидента.
Tweet |