Петар Печков
Објавено: среда, 17 јули 2019
На денешната 145 седница а по барање на премиерот Зоран Заев, Владата донела одлука за разрешување на директори и членови на УО на јавни претпријатија и државни АД.
На листата се и тројца велешани. Од позицијата в.д. директор на Државен инспекторат за земјоделство разрешен е Благој Индов. Од место раководител на Управа за имотно правни односи во Велес Пандорка Настова и од местото раководител на Агенцијата за вработување во Велес Трајче Бабунски.
Поради судир на интереси Владата побарала меѓу другите да бидат разрешени од членови на УО, Филип Зафиров кој е член на УО на ЈЗУ Општа Болница Велес а е директор на ЈП за јавни паркиралишта Велес- Паркинг и Јане Стојанов од член на УО на ЈП Службен весник на РСМ а е раководител на подрачната канцеларија на Централен Регистар Велес.
Tweet |