Петар Печков
Објавено: четврток, 14 ноември 2024
На Светски ден на дијабетeсот, 14 ноември не доволно се рaзговара за терапијата, не се набавуваат навреме помагала, нема иновативни терапии, дигитализирани, не се разговара за квалитетно менаџирање на дијабетесот кај пациентите.
Ова е мислење на лицата кои се со дијабетес. За редовно, нормално живеење потребни се неколку работи, кои со години лицата со дијабетес ги бараат, но никако да се добијат.
„Потребен е отворен пазар, лек кој може да се купи и да се стави на сметка на Фондот зa здравство а преку аптеките. Ова се однесува на антидијабетна терапија. Сензори за мерење шеќер има за деца и млади, но тие се 10 отсто од вкупен број на лица со ТИП 1 дијабетес, а потребни се за сите лица со ТИП 1 дијабетис, за да имаат за континуирано мерење, како во цел свет. Така овие лица може нормално да фукнционираат 24 часа, да одат на работа, на училиште, редовно да ги извршуваат домашните и општествени функции. Во Македонија три илјади лица со ТИП 1 дијабетес немаат такви сензори. Потребни се глукомерите кои што се по нов модел, да се набавуват по реферетна цена, тоа е да може лицето да ја набавува и од селска рурална аптека на сметка на државата со соодветен број на летни. Во пракса тоа е државата да гарантира набавка за пациент до одредена вредност а доколку тој сака повеќе, сам ја доплатува. Потребни ни се целосни услуги, докторите да ги прегледуваат лицата не само за нивото на шеќерот во крвта, туку и за компликациите кои ги имаат со срце, бубрези, очи, да имаме годишни, двегодшини прегледи за сите кои се на инсулинска терапија“ – кажа Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија ан лица со дијабетес од Макеоднија.
Во Македонија имало околу 130.000 лица со дијабетес, од нив лани 3.000 биле со ТИП 1 а претходните години бројакта била повисока, 4.000 што според Велес, зборува за иселувањето и миграција. ТИП 2 лани имало 35.000 илјади лица кои се на инсулин. Според проценките, оваа бројка се множи со три и се добива бројот на недијагностицирани лица со дијабетес, кои седат дома.
Tweet |