речник контакт

Кои инфраструктурни проекти се во тек во Општина Велес

Градоначалникот одговори на критиките дека во општината ништо не се работело. Кажа дека на сите градежни фирми им бил исплатен долгот

Петар Печков

Градоначалникот Коцевски одговори на прозивките и критиките  дека во Општина Велес ништо не се работело. Посочи дека во екот на градежната сезона се работи на реализација на утврдените инфратруктурни проекти.

Не треба да се заборави дека Општината ја наследив со огромни долгови и до денес се исплатени сите градежени фирми освен кон ,,Евро инжинеринг,, од 2 милион и денари, остана долгот кон ЈКП Дервен од 83 милиони денари.  Тука се и долговите кон училиштата за организиран превоз на учениците - рече Коцевски. Тој наброја што се работи, кои активности се во тек и шпто ќе се работи наскоро. 

Започната е реконструкцијата на водоводна линија за Населба Превалец и Населено место  Горно Оризари, ззведувач на работите е ДГ Изгрев Инженеринг. Кон крајот на неделата ќе се изврши технички прием на водоснабдителниот систем Велес, Трпезица, Дурутовец, Чалошево,  по предавање на стопанисување на ЈКП„ Дервен“ ќе се отпочне со користење. Во моментов низ градот се врши бележење на такси постројки, автобуски постројки, пешачки премини и осовинска линија.

По добивање на согласност од МВР СВР Велес ќе се реализира новото сообраќајно решение на раскрсницата на  ул.„Благој Ѓорев“ со улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Оливер Китановски“. Поставувањето на надпатникот за поврзување на Башино село со селските гробишта е во завршна фаза. Тргоцемент изврши бетонирање на дел од улица „Кирил и Методиј“ со површина од околу 600м2.

Во моментов се работи на изведба на армирано бетонски потпорен ѕид од околу 11м и висина околу 3м кој врши потпирање на улица „Трајче Петкановски“. Следни активности се бетонирање  на  250м од левата страна на пристапниот пат кон Горно Оризари.

На економскиот оператор „Изгрев Инженеринг“ му е даден налог за асфалтирање на крак од улица „Бајрам Хасановиќ“ во Горно Оризари  во должина од 150м и широчина 4м и асфалтирање на улица во сателитска Населба Езеро Младост во должина од околу 230м и широчина од 7м.

На економскиот оператор АС Машини му е даден налог за работа за поплочување на две улици во мв Дворови и тоа на Трајко Панов и Благој Абрашев.ДГ Изгрев инженеринг ќе изврши уредување на ул.„Кирил Пејчиновиќ“, дел од улицата  „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Браќа Поп Јорданови“.

Ќе се тампонира дел од патот низ село Сливник, дел од улицата „Димитрија Андонов Папрадишки“ и земјениот пат Оризари- Населба Порцеланка.Се започна се поставување на урбана опрема  и ракофати и огради низ градот.

Изградбата на водоводот до село Бузалково преку Раштани и асфалтирање на патот до село Сливник, постапките биле во Министерството за транспорт и врски, бидејќи тоа се европски пари каде  процедурата  била посложена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »