речник контакт

Кои природни чешми во Велес се испитани и каков е квалитетот на водата за пиење

Има ли природни чешми во градот чија вода е исправна? На ул. Љубљанска има дури пет чешми. Каква е состојбата со природните чешми Пузево трло, св. Пантелејмон, Шорка, Петрова, Бојаџиина...

Петар Печков

Минатата година  Центарот за јавно здравје Велес извршил вкупно 27 испитувања за квалитетот на водите од природните чешми во градот. При тоа  во четири случаи била  физичко-хемиски неисправна а  20 пати бактериолошки неисправна. Еве ги чешмите кои се контролирани и каков е квалитетот на водата.

Шорка пат пати  испитувана,  еднаш бактериолошки неисправна
Љубљанска бр. 15 еднаш испитана  и бактериолошки неисправна
Љубљанска кај црква еднаш испитана и  еднаш неисправна
Љубљанска 65 еднаш испитана – исправна
Тодор Јанев 75 три испитувања, два пати бактериолошка неисправна
Тодор Јанев на рид, три испитувања, три пати бактериолошки неисправна
Орце Мартинов 45 еднаш испитана, еднаш бактериолошки неисправна
Бојаџиина два пати испитана, два пати бактериолошки неисправна
Пузево трло  четири пати испитувана, три пати физичко-хемиски неисправна, три пати бактериолошки неисправна
Св. Пантелејмон два пати испитана, два пати бактериолошки неисправна
Стојан Бурчевски второ кладенче  еднаш испитана, еднаш бактериолошки неисправна
Петрова црква трипати испитана, три пати бактериолошки неисправна

Минатата година биле неиспитани  следните природни чешми:
Љубљанска 41 / Љубљанска 48 / стадион трибини / Петрова / Штипска пруга / Вера Циривири 179 / Св. Ана / Св. Кирил и Методиј / Саботната вода / Јавор под Гроот / Стојан Бурчевски прво кладенче / Чука / Н.П. Превалец / 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »