Петар Печков
Објавено: сабота, 10 ноември 2012
Во временски период од 1000 години и со комбинирано богатство од 4,317 билиони долари, денес се живи само тројца од 25 луѓе од листата. На листата нема ниту една жена, а 14 од 25 се од Соединетите Држави.
Не многу познатиот крал кој владеел со Западна Африка во 14 век е прогласен за најбогато лице во историјата на новата листа на 25 најбогати луѓе на сите времиња, во чие составување истражувачите ја пресметаа и инфлацијата. Во временски период од 1000 години и со комбинирано богатство од 4.317 билиони долари, денес се живи само тројца од 25 луѓе од листата. На листата нема ниту една жена, а 14 од 25 се од Соединетите Држави.
Користејќи ја годишната стапка на инфлација од 2199,6 отсто, каде 100 милиони американски долари во 1913 вредат како и 2.299.63 милијарди во 2012 година, листата на Селебрити Нет Ворт вклучува познати имиња како Бил Гејтс и Ворен Бафет, но на прво место се најде Манса Муса И од Мали.
Кралот на Западна Африка, најбогат човек во историјата и владетел на Малијското царство кое се простирало преку денешна Гана, Тимбукту и Мали во Западна Африка. Пред да умре во 1331 година имал богатство во вредност од 400 милијарди долари.
Семејството Родшилд, второ на листата, се најбогати луѓе на светот денес со имот чија вредност се проценува на вртоглави 360 милијарди долари. Богатството им е поделено на бизниси како рударство, банкарство, компании за управување со приватен имот, земјоделство, винарство и дел отпаѓа на хуманитарни цели.
За тоа време, Џон Д. Рокфелер, трет на листата е најбогат Американец кој некогаш живеел, а неговото богатство се проценува на 340 милијарди долари во време кога починал во 1937 година.
За споредба, најсиромашен на листата е Ворен Бафет (82) кој тежел 64 милијарди долари пред да даде добар дел од своето богатство во хуманитарни цели.
1.Манса Муса I– 400 милијарди УСД (роден 1280 година)
Манса Муса I,најбогат човек во историјата на човештвото, имал лично богатство од 400 милијарди долари во 1331 година пред својата смрт. Владеел со Малијаското царство на западот на Африка кое се протегало преку денешна Гана, Тимбукту и Мали. Неговото богатство го стекнал со тоа што царството произведувало половина од светските резерви на сол и злато. Сите тие пари ги искористил за изградба на џамии кои постојат и ден денес. Само две генерации по смртта на Муса, неговото богатство се распрснало во текот на граѓанската војна и под ударот на освојувачите.
2. Семејството Ротшилд – 350 милијарди УСД (1774 година)
Семејството Ротшилд, познато и како Куќа на Ротшилдови, најбогатото семејство на денешницата со имот чија вредност се проценува на 350 милијарди долари. Европската банкарска династија, со германско-еврејско потекло, кон крајот на 18 век го основаше Европското банкарство и финансиските институции.
Се почнало со Мајер Амсхел Ротшилд, роден во 1744 година, кој основал финансиски институции и ги поставил своите пет синови на чело на пет главни финансиски центри во Европа.
Богатството им го поделил на дејности како рударство, банкарство, компании за управување со приватен имот, земјоделие, винарство и дел отпаѓа на хуманитарни цели.
3. Џон Д. Рокфелер – 340 милијарди УСД (роден во 1839 година)
Џон Д. Рокфелер, трет на листата е најбогат Американец во историјата. Во време на својата смрт во 1937 година, вредел 340 милијарди долари и бил првиот Американец со богатство поголемо од милијарда долари. Во 1870 година ја основал Стандард Оил Компани, чиј монопол на американскиот пазар бил прекинат од страна на владата која компанијата ја поделила на неколку помали како компаниите Амоко, Шеврон Коноко и Ексон Мобил. Откако седиштето на компанијата Стандард Оил го префрлил на Менхетен, Рокфелер станал централна фигура на заедницата во Њујорк.
4. Ендрју Карнеги – 310 милијарди УСД (роден 1835 година)
Ендрју Карнеги, шкотско-американски индустријалец предводел голема експанзија на американската индустрија на челик кон крајот на 19 век. Најголемиот дел од своето богатство го остварил со продажба на компанијата Карнеги Стил Компани на ЈП Морган за 480 милиони долари во 1901 година, што е нето еквивалент на денешните 310 милијарди долари.
5. Николај II рускиот цар – 300 милијарди УСД (роден во 1868 година)
Николај Александрович Романов владеел со Руското царство од 1894 година, се до абдикацијата во 1917 година.
Со богатството од 900 милиони долари, денешен еквивалент од 300 милијарди. болшевичките револуционери го убиле царот и неговото семејство и на тој начин го срушиле царството во 1918 година.
Под неговото царување била одобрена мобилизација на руската војска во 1914 година, што означило почеток на руското учество во Првата светска војна, во која животот го загубиле 3,3 милиони Руси.
6. Мир Осман Али Кан, последен владетел на Хајдерабат – 236 милијарди УСД
7. Вилијам Освојувачот, првиот нормански владетел на Англија – 229,5 милијарди УСД
8. Моамер Гадафи, поранешен либиски диктатор – 200 милијарди УСД
9. Хенри Форд, американски индустријалец, основач на Форд Мотор Компани – 199 милијарди УСД
10 Корнелиус Вандербилт, американски индустријалец и филантроп – 185 милијарди УСД
11. Алан Руфус, сопатник на Вилијам Освојувачот на неговите походи – 178,65 милијарди УСД
12. Бил Гејтс, соосновач на Мајкрософт – 136 милијарди УСД
13. Вилијам де Верни, англиски војсководец – 146,13 милијарди УСД
14. Џон Џејкоб Асторм, првиот мултимилионер во Америка, деловен магнат – 121 милијарда УСД
15. Ричард Фитзалан, англиски благородник и земјопоседник – 118,6 милијарди УСД
16. Џон де Гаунт, трет син на англискиот крал Едвард III – 110 милијарди УСД
17. Стивен Гирард, банкарски магнат – 105 милијарди УСД
18. Александер Турнех Стјуарт, ирски претприемач – 90 милијарди УСД
19. Хенри Војводата од Ланкастер, англиски благородник – 85,1 милијарда УСД
20. Фридрих Вајерхаусер, сопственик на дрвна индустрија – 80 милијарди УСД
21. Карлос Слим Хели, деловен магнат од Мексико – 68 милијарди УСД
22. Стивен ван Реншелер, американски земјопоседник – 68 милијарди УСД
23. Маршал Филд, трговец со недвижнини – 66 милијарди УСД
24. Сем Валтон, сопственик на Вал-Март – 65 милијарди УСД
25. Ворен Бафет, најуспешен инвеститор на 20 век – 64 милијарди УСД
текстот е преземен од Јутарњи лист - Загреб
Tweet |