речник контакт

Кои се најдолгите европски зборови

Дали сте знаеле дека германскиот збор кој содржи дури 79 букви е најдолгиот збор во Европа, додека ирско-галскиот јазик го има најкраткиот-најдолг збор?

Петар Печков

Интересно е тоа што некои најдолги зборови во неколку европски држави се директно поврзани со нивната национална позадина. Французите ја започнале револуцијата за да добијат устав, а потоа го измислија зборот „Anticonstitutionnellement“. 

Англичаните ја издвоиле својата црква од Ватикан и тие добиле „Antidisestablishmentarianism“. Норвежаните ја измислиле Нобеловата награда за миг, па тие го имаат зборот „Мenneskerettighetsorganisasjonene“.

Португалија Anticonstitucionalissimamente - Овој португалски збор значи антиуставно, и има 29 букви.

Шпанија Electroencefalografistas - Овој збор составен од 24 букви значи електроенцефалограски техничари и се смета за најдолгиот збор во шпанскиот јазик. Интересно е тоа што во шпанскиот јазик, зборот „arroz“ (ориз), често пати се смета за најдолг збор бидејќи започнува на буквата „а“ и завршува на „z“, првата и последната буква во шпанската азбука. 

Франција  Anticonstitutionnellement - Со 25 букви, најдолгиот француски збор е поврзан со уставот, а интересно е тоа што оваа земја создаде револуција за да добие устав. 

Исланд Vaðlaheiðarvegavinnuverkfærageymsluskúraútidyralyklakippuhringur - Со 64 букви, ова е најдолгиот збор во исландскиот јазик. Значењето на овој тешко изговорлив збор е: „Приврзок од синџирот клучеви од надворешната врата од бараката за алатки на работниците на Vaðlaheiði плато“. Доколку се обидете да го „твитнете“ овој збор, нема да можете. 

Велика Британиј Antidisestablishmentarianism - Овој британски збор со 28 букви претставува најдолгиот збор во англиската култура. Ја означува политичката позиција во опозицијата со предлози за одделување на цркватаво англија. Интересно е тоа што некои луѓе сметаат дека зборот „Smiles“ е најдолгиот збор во англискиот јазик бидејќи помеѓу двете букви s, се наоѓа зборот „mile“. 

Ирска Grianghrafadóireachta - Во ирско галскиот јазик, ова претставува најдолгиот збор, а значи фотографија. Вториот најдолг збор со 19 букви е „sceimhlitheoireacht“ што значи тероризам.

Норвешка Menneskerettighetsorganisasjonene - Зборот има 33 букви и е најдолгиот обичен збор во норвешкиот јазик, а значи „организации за човечки права“.

Шведска  Realisationsvinstbeskattning - Според „Svenska Akademiens Ordlista“, речникот кој се објавува на секои неколку години од Шведската академија, најдолгиот збор е Realisationsvinstbeskattning што значи „данок на капитална добивка“.

Финска Lentokonesuihkuturbiinimoottoriapumekaanikkoaliupseerioppilas - Според финското издание на Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот фински збор е токму овој кој има 61 буква. Неговиот приближен превод би бил „турбина мотор од авион помошна механика под офицер студент“. Овој збор всушност се употребува во финските воздухопловни сили. 

Данска Speciallægepraksisplanlægningsstabiliseringsperiod е - Со 51 буква, ова е најдолгиот дански збор кој се користи во официјален контекст. Во превод значи „Временски план за стабилизирање на специјалистичка лекарска праска“.

Холандија Hottentottententententoonstellingsterrein - Со 41 буква, најпознатиот и најдолгиот холандски збор значи „изложба во Хотентот колиби“. 

Германија, Австрија, Луксембург и Швајцарија  Donau¬dampfschiffahrts¬elektrizitäten¬hauptbetriebswerk¬bauunterbeamten¬gesellschaft - Писателот Марк Твен еднаш рекол „некои германски зборови се толку долги што тие дури имаат перспектива“. Овој класичен најдолг германски збор со 79 букви во нашиот јазик се преведува дури во 13 зборови: „Здружение за подредени претставници на раководството на седиштето на парабродски и електрични услуги“.

Белгија Donau¬dampfschiffahrts¬elektrizitäten¬hauptbetriebswerk¬bauunterbeamten¬gesellschaft - Со три официјални јазици, холандски, француски и германски, најдолгиот збор во Белгија, е секако овој германски.

Италија  Precipitevolissimevolmente - Со 26 букви, овој италијански збор се смета за најдолг термин кој потекнува од придавката „precipitevole“ и значи „на начин на кој некој/нешто делува многу брзо“. Интересно е тоа што зборот се смета за граматички неточен, но денес е дел од јазикот.

Чешка  Nejneobhospodařovávatelnějšímu - Овој збор со 30 букви е најдолгиот збор во чешкиот јазик, иако некои вештачки зборови се подолги. Значи „најмалку обработливи“. 

 Словачка Znajneprekryštalizovávateľnejšievajúcimi - Со 40 букви ова е најдолгиот збор, а е множина од „антикристализирање“. 

Полска  Konstantynopolitańczykowianeczka - Иако може да се состават други подолги зборови од придавки, овој збор традиционално е најдолгиот во полскиот јазик. Означува немажена ќерка на маж од Цариград. 

Литванија Nebeprisikiškiakopūsteliaudavusiuose - Со 37 букви ова е зборот чијшто превод е „оние кои постојано не можеа да соберат дрвен киселец во минатото“. 

Латвија Pretpulksteņrādītājvirziens - Ова е доста необичен збор, кој има уште понеобичен превод „во обратна насока од стрелките на часовникот“.

Естонија Sünnipäevanädalalõpupeopärastlõunaväsimus - Овој збор од 42 букви изразува „замор кој човек го чувствува на пладнето на роденденската забава за викенд“.

Украина  Нікотинамідаденіндинуклеотидфосфат - Украинскиот збор со 34 букви значи „никотинамид аденин динуклеотид фосфат“. Тоа е молекула која ја обезбедува енергијата потреба на клетките на телото за синтеза на протеини.

Романија Молдавија Pneumonoultramicroscopicsilicovolcaniconioză - Болест на белите дробови која често пати ја имаат работниците во рудници.

Унгарија  Megszentségteleníthetetlenségeskedéseitekért - Границите на најдолгите унгарски зборови се бескрајни. Сепак, зборот со 44 букви официјално се смета за најдолгиот збор во унгарскиот јазик.

Словенија  Dialektičnomaterialističen - Најдолгиот збор на словенечки јазик значи „дијалектички материјалист“ и има 26 букви. 

Хрватска  Престолонаследниковица - Овој збор беше некогаш дел од Гинисовата книга на рекорди, а значи „сопруга на наследникот на тронот“.

Босна и Херцеговина Antisedamnaestogodišnjakinjovinevica - На босански јазик, еден од најдолгите зборови е токму овој, а значли „анти 17 годишна девојка“.

Србија Семпаравиливичинаверсаламилитипиковски - Најдолгиот србски збор има 38 букви, а претставува презиме од семејство од поранешна Југославија. Ова е најдолгиот познат збор во српскиот јазик.

Албанија Kundërkushtetuetshmeria - Најдолгиот збор на албански има 27 букви и значи „Против креаторите на врева“.

Бугарија Непротивоконституционствувателствувайте – Најдолгиот збор во бугарскиот јазик има 39 букви и значи „да не се преземат активности во спротивност со Уставот на земјата“ и бил создаден кога се создал и Уставот на Бугарија.

Грција ηλεκτροεγκεφαλογραφήματος - Најдолгиот грчки збор значи „електроенцефалограм“ и има 24 букви. Во својата комедија Аристофан измислил збор со 173 букви „‘λοπαδο¬τεμαχο¬σελαχο¬γαλεο¬κρανιο-λειψανο¬δριμ¬υπο¬τριμματο¬σιλφιο¬καραβο¬μελιτο¬κατακεχυ¬μενο¬κιχλ¬επι¬κοσσυφο¬φαττο¬περιστερ¬αλεκτρυον-οπτο¬κεφαλλιο¬κιγκλο¬πελειο¬λαγῳο¬σιραιο¬βαφη¬τραγανο¬πτερύγων“, што претставува јадење; риба во комбинација со месо, зајак и живина.

Турција Muvaffakiyetsizleştiricileştiriveremeyebileceklerimizdenmişsinizcesine - Овој збор со 71 збор, често се наведува како најдолг турски збор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »