речник контакт

Колкава е казната за безобѕирно управување со моторно возило во велешко

Во еден случај паричната казна е 80 а во втор 30 евра. Одземени се и возачките дозволи на одреден временски период

Петар Печков

Во објавите од изречените пресуди на Основен суд Велес за минатата година 2025, има две за кривичното дело „Безобѕирно  управување со моторно возило“, настани кое ги полнат секојдневно полициските билтени. Или кога управувал автомобил во алкохолизирљна состојба.  Еве какви казни биле изречени во двата случаи. 

Гоце П. од Кавадарци на 28 август  околу 01.50 часот движејќи се на локалниот пат Градско-село Горно Чичево/село. Долно Чичево со ПМВ марка фолксваген, управувајќи во состојба на  неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во  концентрација од 2,44 гр./кг. во крвта, на начин што, кога дошол на критичното  место на околу 1500 метри пред крстосницата за село Горно Чичево и село Долно Чичево  со Градско со непрегледна кривина во лево во еден момент со возилото започнал да се  движи во десно, испаднал од коловозот на десната страна при што излетал во  канал за атмосферски води каде и застанал.  Со опишаните дејствија, обвинетиот сторил кривично дело Безобѕирно  управување со моторно возило.  На возачот Г.П. кој го признал делото изречена му е и казна забрана на управување со моторно возило од Б-категорија, во  траење од 1(една)година, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Како и глоба од 30 евра во денарска против вредност.

Николче Б. од Битола е казнет со 80 евра, бидејќи на 30 јули  година во 15:20 часот, како учесник во сообраќајот,  управувајќи го сопственото патничко моторно возило марка Форд, во состојба на неспособност за возење, предизвикано со употреба на  алкохол во концентрација поголема од 1,5 г/кг. со кое се движел по експресниот пат Прилеп-Градско во правец од село Дреново кон Градско, го управувал  возилото под дејство на алкохол во концентрација од 2,83 г/кг. при што кога  дошол на околу 300 метри пред приклучокот на делницата од автопатот А1 во  правец од Градско кон Велес, изгубил контрола над движењето на возилото и  излегол надвор од коловозот од десната страна и со десниот бочен дел од  возилото во метална заштитна ограда. Тој го признал делото. Нему му е изречена и забрана на управување со моторно возило од Б-категорија, во  траење од 8 (осум)месеци сметано од денот на правосилноста на пресудата.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »