Петар Печков
Објавено: петок, 19 декември 2008
За три месеци од примената на Законот за јавна чистота во Велес полицијата пишала 880 прекршочни пријави, бидејќи граѓаните во голем не се запознати број за неговата примена. Надлежните од СВР Велес велат дека тоа е голема бројка но и покрај тоа, хигиената не е на потребното ниво. Велешани пак бараат начини како да ја избегнат пишаната казна.
- Состојбата на теренот не укажува дека имаме подобрување на чистотота. Ако во прво време имаше почитување на Законот, подоцна делата почнаа да се повторуваат. На главната улица и во центарот каде има корпи има напредок, но затоа во остатокот на градот сликата е спротивна – изјави Александар Костовски командир на полициската станица Велес. Тој како проблем го посочи непознавањето на законската регулатива од страна на граѓаните, кои негодувале кога ќе им биде пишана казна за стореното дело. Тие не биле запознаени дека не смеат да ги перат балконите или пак автомобилите со вода која истекува на јавна површина. Во ваквите случаи имало жестоки реакции и расправии со домаќинки кои од незнаење морале да платат по 50 евра бијдеќи го миеле балконот. Проблем бил и што граѓаните не знаат каде им се поставени контејнерите за смет, поради што ѓубрето од домовите го фрлаат каде стигнат. За надминување на ваквата состојба се бара преку сметките на ЈКП Дервен да се дистрибуираат флаери или друг пропаганден материјал преку кои граѓаните ќе бидат запознати со законската регулатива како и со казнените мерки. Директорот на ЈКП Дервен изрази подготвеност тие да го делат овој материјал но дилемата е кој ќе даде пари за негово печатење. Тој посочи примери на неговите сограѓани како се обидуваат да ја избегнат казната.
- Поединци, кои откако не ја платиле паричната казна а се решиле со општествено корисна рабтоа да бидат ангажирани и работат кај нас, доаѓаат со потврди дека се болни, оперирани, немоќни а ние не сме тие што можеме да ги ослободуваме. Неможеме да вршиме проценка дали можат или не да работат, тоа не е наша обврска – изјави Пецо Стојановски директор на ЈКП Дервен.

Tweet |