Петар Печков
Објавено: недела, 12 јули 2020
За вонредните парламентари избори, кои ќе се одржат в среда на 15-ти јули, годинава ќе има две гласање претходно. Понеделник ќе гласаат лицата кои се позитивни на кoвид-19 или се во самоизолација и вторник на 14-ти јули болните и немоќните лица.
ТрМр ги обезбеди информациите за тоа колку гласачи ќе гласаат овие два дена.
Во ОИК Велес понеделник ќе гласаат седум лица кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација. Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат 134 лица од 156 пријавени.
Во ОИК Градско понеделник нема пријавено лица кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација а сакаат да гласаат. Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат 49 лица од 49 или сите пријавени.
Во ОИК Лозово понеделник ќе гласаат три лица кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација. Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат 32 пријавени лица.
Во ОИК Чашка понеделник нема пријавено лица кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација а сакаат да гласаат. Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат 99 лица од 105 пријавени.
Tweet |