Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 ноември 2023
Изминатиот викенд во Горно Јаболчише се одржа традиционалната „Компиријада 2023“. Првата манифестација “Компиријада” се одржа во 2010 година. Секоја година во зависност од временските услови во месеците октомври- ноември се одржува оваа манифестација. Таа е во организација на Општина Чашка и ОУ „Лирија“ Горно Јаболчиште.
Локалните производители на компири, овчо сирење, зелка, костени, имаа можност своите производи да ги понудат на посетителите, гостите во местото каде се произведуваат. Компирот е одгледан е во чиста еколошка средина, што му дава на квалитетот.
Мештаните очекуваат оваа манифестација да им овозможи Македонија да слушне за нивните производи, кои го носат печатот на квалитет и здрава еколошка и органска храна, па така ќе може да ги пласираат и продаваат, да не остануваат за домашна употреба.
Горно и Долно Јаболчиште кои се на повеќе од илјада метри надморска височина, под врвот Солунска глава, на падините од планината Јакупица, имаaт можности за одгледување на компирот. Затоа разбирливо е што тој е препознатлив знак за овој крај.
Жителите живеат од продажбата на компир, но одгледуваат и стока овци и крави, доста од младите во потрага по живот, се заминати во странство. Таму работат, па така ги прехрануваат нивните семејства.
Tweet |