речник контакт

Конзервирано метално оружје, новина во велешки Музеј (фото)

Има примероци на оружје од Императорски Рускиот Тулски завод, голем и значен светски производител на оружје во светот, кој е основан во 1712-та година а работи и денес

Петар Печков

Старо, но конзервирано метално  оружје се најде на полиците на велешкиот Народен музеј.  Со  конзервацијата која  траеше повеќе месеци беа опфатени 30-тина  предмети со кои располага оваа културна институција,   оружје и војничка опрема. Повеќето се пушки и пиштоли, кои не беа до сега   достапни,  изложени, ниту конзервирани а се чуваа во депоата на Музејот, далеку од очите на јавноста.   

Овие предмети беа конзервирани од страна  на стручно лице на Музеј на Македонија и тие се изложени  во нашиот Музеј,  а дел депонирани.   Повеќето ги изложивме а дел оставивме бидејќи се дел од ист производител, иста марка, само броевите  се различни. Тие се дел од нашата колекција. Металното оружје кое е изложено е од средината на 19-ти век па до предмети потребувани  преку Прва  Светска војна до Втора  Светска војна – вели Марин Клифов виш кустос во велешкиот музеј.  

Оваа конзервација се изврши со средства одобрени од Министерството за култура.   Пред очите на  јавноста сега се наоѓаат ретки примероци на пушки произведени пред скоро два века, но и револвери, сабји, јатагани.

Имаме неколку  примероци на оружје од  Императорски Рускиот Тулски завод, голем и значен   светски производител на оружје во  светот, кој е основан во 1712-та година а работи и денес.  Најстарата пушка е од Царска Русија 1839,  руска еднометна  пушка од  1880-та година,  пушка од истата фабрика ,,токарев, 1943,,.  Имаме пушка ,,стаер малихер,, М 95  од австриско производство. Имаме и  јатаган од турско, потоа  турска офицерска сабји производство на прочуениот германски  концерн ,,Солинген,, - додава Клифов.  

Обновеното метално оружје  е поставени во историското одделение на  Музејот, посебно  заштитено и претставено на посетителите.    Неодамна Локална а установа ,,Народен Музеј,, Велес,, општинско признание благодарница  9- Ноември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »