Петар Печков
Објавено: среда, 12 март 2014
Станарите на кулата близу касарната, кај пазарчето во Нова населба, се револтирани што контејнерите за смет, преку ноќ се најдоа во нивниот двор. Откако истите со години биле на просторот каде сега е новиот маркет на КАМ, се нашле пред нивната зграда. Тие бараат да бидат отстранети, оти создавале смрдеа и лоша реа.
Не мало изненадување имавме кога утрово овие метални контејнери за смет ги видовме пред нашата зграда. Тие со години беа на просторот каде се изгради маркетот на КАМ и најверојатно да не бидат лоша слика за купувачите, ни ги донесоа нам. Таму не чинат, тука да бидат е во ред. Тоа не бидува. Исти такви имаше претходно тука, но по нашите реакции истиот го отстранија. Не ни е јасно зошто сега повторно ни донесоа нови, кога толку време ги убедуваме контејнерите не им е местото тука – велат станарите на зградата на улица Благој Ѓорев 104/б.
Tweet |