речник контакт

Контрола на товарните возила, констатирани пет прекршоци исто толку исклучени од сообраќај

Вкупно во општина Велес биле контролирани 18 товарни возила, пет од нив упатени на вонреден технички преглед

Петар Печков

Средата на  28 октомври  на подрачјето на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, била изведена акциска контрола на товарни возила. При тоа  биле  контролирани вкупно 18 возила, од кои пет  биле упатени на технички преглед, при што биле констатирани три неправилности. При контролата биле констатирани вкупно пет прекршоци, при што пет возила биле исклучени од сообраќај. 

„Причината за исклучувањето биле еден прекршок неисправен систем за кочење, еден прекршок  неисправни одобрени системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема и еден прекшрок  - затемнети стакла , констатирани при техничкиот преглед. Во два случаи биле констатирани прекршоци  претовар. Во рамки на контролата биле констатирани и пет останати прекршоци, за што биле преземени  соодветни мерки, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ – е одговорот на поставеното прашање од СВР Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »