речник контакт

Корона вирусот во велешко во стагнација

И денес повеќе оздравени отколку ново заразени, но и еден починат

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени. Според здравствениот билтен објавен од Институтот за јавно здравје, оздравени има 18 лица од велешко а нови позитивни на ковид-19 се 17. Или активни се 326 случаи.  Во велешка Болница има еден починат, маж позитивен на ковид-19 на 82 годишна возраст од Велес. Тој е 262 жртва на корона вирусот во велешко.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница   имаш згрижено 28  пациенти, двајца  помалку од вчера.  Од нив 16  се позитивни потврдени  со ПЦР тест, непотврдени четворица   и осуммина   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Ново примени се четворица, испишани се двајца со еден негативен тест. На  континуирана кислородна поддршка се 13 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »