Петар Печков
Објавено: недела, 30 мај 2021
Во Велешко има само 21 активен случај на лица позитивни на корона вирусот. Ова е состојбата која ја објави Министерството за здравство, откако во здравствениот билтен за изминатите 24 часа, во велешко биле регистрирани 40 лица дека се оздравени а нема ново заразени. Досега во поширокиот дел на општината, заедно со Градско и Чашка имало 5.468 заразени лица. За илустрација пред точно два месеци во велешко имаше без малку 700 активни случаи, на 28-ми март бројот беше 693
Во велешка Болница се хоспитализирани 12 пациенти, од кои шест се потврдени позитивни,тројца сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми. На кислородна поддршка се пет пациенти. На Инфективно одделение се седум а на Интерно пет пациенти.
Tweet |