речник контакт

Коцевски- првата година наместо да работиме на проекти мина во враќање долгови

Ме критикуваат поединци од опозицијата и истата партија а тие ја довеле општината во ваква лоша состојба - кажа Коцевски за првата година од неговата работа како градоначалник

Петар Печков

Во резимето за првата година од владеењето на градоначалникот Аце Коцевски тој кажа дека минала во враќање на  наследени  долгови во висна од 2,8 милини евра. Најголемиот дел од нив биле вратени и локалната власт започнува со тековни активности со една година загубена во покривање наследен долг. Коцевски потенцира дека тој сега бил принуден да плаќа  градежни активности кои претходната власт ги изведувала без  покритие и недомаќински или како што рече трошела а не плаќала, работела на вересија.     

Наместо да трошиме време и да работиме  на нови  проекти, со месеци враќавме долгови, за да може општината да застане на цврст нозе и да почнеме  да  градиме. Со домаќинско и одговорно трошење и работење ги саниравме катастрофални состојби во кои ја затекнавме општината со  најголем долг  кон ЈКП Дервен од  1,5 милион евра, вратени му се 400 илјади евра, потоа долговите кон градежните компании и превозниците. Ја затекнав општината  во катастрофална состојба  резултат на  неодговорно и недомаќински трошење на  средствата. Во периодот 2013 -2017 не е платена ниту една фактура кон ЈКП Дервен.  Работевме преку кратење на несуштински трошоци,  трошоци за репрезентација, патни и дневни трошоци. За кратко време  покривиме голем дел од долговите, што ни дава можност да се посветиме на проектите во наредниот период. За изминатиот месеци     издадени се 312 работни налози од кои се реализирани 250 - кажа градоначалникот Коцевски.   

Посебно ги потенцира брендовите на градот кои се реализирани изминатите месеци Рациновите средби, Фестивалот на античка драма Стоби, Вардарската регата, Фестивалот на пита и вино. 

Доживувам тешки критики од граѓаните, дека  не градам како во претходните мандати. Се одлучив големите долгови  да ги враќам. Можев наместо да ги враќам  да градам и уште да биде полоша состојбата со општинската каса.  Тоа е исто како и во едно семејство, ако се враќаат долгови, не може да се гради и купува нов мебел, доградува во куќата.  Ќе мора да се штеди. Затоа јавноста  бара градоначалниците кои ги направиле долговите со недомаќинско трошење и недоговорен однос  да одговараат за нивната работа.  Треба да плаќам долгови, наместо да ги реализираме најавените програми- рече Коцевски. Тој посебно се осврна на состојба во ЈКП Дервен.

ЈКП Дервен беше лоша состојба , не бил во можност да купува нови возила за собирање на смет, озонаторот за вода за пиење е во очајно лоша состојба а вреди 200 илјади евра. Ако тој крахира, градот ќе се доведе во загрижувачка состојба. Ме критикуваат поединци од опозицијата и истата партија а тие ја довеле општината во ваква лоша состојба.  Морало да се позајмуваат камиони од Неготино за да се собере сметот во градот. Со новиот Закон за санација на долговите во општините ќе бидат наградени градоначалниците кои изминатата година  не ги враќале долговите - кажа Коцевски.  

Во однос за изградбата  на нов покриен пазар   најави дека ќе има разговори со големи маркети да се гради заеднички  преку јавно приватно партнерство со Жито маркети, Рамстор, Тинекс, Веро ако тие не прифанале ќе  се гради со средства од општината. 

За крај ги  повика велешани да се грижат за чистотата на градот, бидејќи од нас зависи каков ќе биде Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »