Петар Печков
Објавено: сабота, 19 јануари 2019
Во Општина Лозово светиот крст на Богојавление се фрлаше во четири населени места. Во Лозово најуспешен беше Дарко Илиевски, во Дорфулија Христијан Јаначков, во Каратманово Христијан Тасевски а во Сарамзалино Николче Панов. На секој од нив грејно тело им подари градоначалникот на Општина Лозово Аце Велковски.
Во Градско најсреќен, меѓу десетината кои скокнаа во Вардар, беше Тоше Илиќ (28 год) кој како и неколку години претходно го фати крстот. Тој од градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски доби лап-топ.
Tweet |