Петар Печков
Објавено: недела, 19 јануари 2020
Водици се одбележа и во Општина Чашка, во неколку населени места. Најумешните скокачи по Светиот крст оваа година беа: Анѓелче Андовски во населба Чашка, Оливер Цветковски во Извор, Николче Дамјановски во Богомила, Филип Димовски од Согле кој има само 13 години и Златко Арсовски во Теово. Верниците добија скромни подароци од градоначалникот на Општина Чашка.
Во населба Градско, од петнаесетмина кои скокнаа, крстот го фати Тоше Илиќ, кому тоа му успа и лани и неколку години наназад. Од градоначалникот на Општина Градско, Робрт Бешовски доби на подарок ваучер во вредност до 15 илјади денари.
Tweet |