Петар Печков
Објавено: сабота, 25 јануари 2020
Нова година е симбол на раѓањето на еден нов циклус, време за простување со старата година, сумирање на личната историја преживеана во изминати месеци. Нова година е нов почеток, но таа се разликува меѓу народите и културите , токму како и причините и обичаите врзани за неа .
Кинезите слават Нова година меѓу 17 јануари и 19 февруари, односно денот се одредува според појавување на младата месечина. Тоа означува и доаѓање на пролетта. Се слави раскошно со големи улични дефилеа каде доминира црвената боја, како и на домашните украси, подароци и честитки. Се палат лампиони што симболизираат светлина чија задача е да го осветли патот на новото лето. За да ги протераат злите духови кои живеат во темнината, Кинезите палат петарди и прават голема бучава. Оние што се многу суеверни тој ден со хартија ги запечатуваат прозорците и вратите додека не помине прославата. Во Виетнам Новата година се вика Тет и паѓа меѓу 21 јануари и 19 февруари. Се верува дека на тој ден куќниот бог заминува на небото за да извести кој од домашните бил добар, вреден и послушен, а кој лош и мрзлив во изминатата година.
Во Индија има многу различни новогодишни прослави на различни дати, иако во поново време, особено во големите градови се слави како и во целиот свет. Во северна Индија за Нова година која е во пролет, се носи цвеќе, а жените задолжително се облечени во жолата облека. На југ мајките им ставаат цвеќе и подароци на децата во чиниите и наутро ги носат до подароците со врзани очи. Во централна Индија Нова година се слави на крајот на октомври и се вика Дивали. Тоа е празник на светлината и на оганот, се прават огномети и се фрлаат петарди.Се палат многу ламбички наречени дипак кои се направени од глина со растително масло што гори. Модерна верзија на дипак се свеќички.
Израел ја слави нова година во септември , иако веќе е одомаќен грегоријанскиот календар, поради полесна комуникација со светот. Славењето на 31 декември не е забрането и е нормално во големите градови , додека пак во конзервативните средини никој не спомнува никаква веселба, зашто Нова година ја поврзуваат со Христијаните што ги прогонувале Евреите. Првиот ден на Нова година е работен како и секој друг, па затоа луѓето најчесто остануваат дома.
Во Саудиска Арабија на пример Нова година се слави според исламскиот календар -на 21 март. Тие дури и воопшто не го користат грегоријанскиот календар , за разлика од другите околни муслимански земји кои се прилагодуваат на светската глобализација. Дури е забрането да се прославува ноќта спроти 1 јануари , зашто не смеат да се кршат верските правил. Затоа патролира и верска полиција. Дури и празничното пазарење мора да биде умерено , во продавниците е забрането да се продаваат предмети што потсетуваат на новогодишна прослава.
Во Иран и денес муслиманите го слават 21 март како почеток на новата година. Неколку дена пред почетокот ставаат пченица во сад за да изрти. На тој начин се повикува новиот годишен и животен циклус.
Иранскиот календар познат како Персијски или Џалали календар е соларен, односно воден според движењата на сонцето. Попрецизен дури и од грегоријанскиот календар. Тој и денес се користи во Иран и Авганистан. Новата година почнува во пролетната рамноденица прецизно астрономски набљудувана од Техеран и Кабул. Најчесто е на 21 март кога почнува пролетта во северната хемисфера. Новата година се нарекува Нороуз, што значи нов ден . Тоа се и најголемите свечености во Иран, Авганистан и околните краишта . Кај нив всушност наместо 2017 година , во март ќе биде 1396 година.
Христијаните Нова година ја слават по раѓањето на Исус Христос. Кај католиците Божик е на 25 декември , а по 6 дена се слави Нова година што е всушност глобален светски календар за полесно меѓународно функционирање на луѓето. Православните христијани- Македонците Русите,Србите, Грузијците слават две нови години онаа на 1 и онаа на 14 февруари. На 14 јануари кај нас наречена Стара Нова година или Василица е всушност датумот на обрезувањето на Исус Христос, седум дена по Божик или рожденството христово, кој се слави на 7 јануари.
Tweet |