речник контакт

Кој ќе биде автомобил на годината

Во конкуренција се девет автомобили

Петар Печков

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, составено  од специјализирани автомобилски новинари, ги претстави финалистите кои ќе се натпреваруваат за 17-та по ред титула.

Жирито во состав Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Горан Антевски, Владимир Ристовиќ, Зоран Коцев и Агрон Сулејман, следејќи ги процедурите и критериумите предвидени со правилникот за работа на жирито, од сите нови автомобили кои беа понудени на македонскиот пазар во текот на годината, ги избра следниве финалисти:

- Citroen C4
- Audi Q3
- Mercedes B класа
- Hyundai Elantra
- Kia Rio
- Chevrolet Aveo
- SsangYong Korando
- Toyota Yaris
- Suzuki Swift

Во понатамошните фази  на изборот, жирито ќе ги оценува финалистите според следниве критериуми:

- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн и
- комфор и опременост

Кој од финалистите ќе освои најмногу гласови од членовите на жирито, а со тоа ќе стане и носител на престижната титула „Автомобил на 2012 година во Македонија", ќе биде познато во првата половина од идниот месец.

Досегашни освојувачи на титулата „Aвтомобил на година“ во Македонија

- Fiat Bravo/Brava (1996)
- Renault Megane (1997)
- Opel Astra (1998)
- Škoda Octavia (1999)
- Fiat Punto (2000)
- Seat Leon (2001)
- Toyota Corolla (2002)
- Mazda6 (2003)
- Mazda3 (2004)
- Seat Altea (2005)
- Volkswagen Passat (2006)
- Opel Corsa (2007)
- Kia Cee'd (2008)
- Volkswagen Golf (2009)
- Opel Astra (2010)
- Hyundai ix35 (2011)


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »