Петар Печков
Објавено: четврток, 01 декември 2016
Ноќта помеѓу неделата и понеделникот, бил нападнат присутен во партиски простории во Велес, полицијата го бара напаѓачот.
Според СВР Велес, кај нив во 1,45 ч. по полноќ е пријавено дека на ул. Димитар Влахов, во службена просторија лицето А.П. (25 год) од Велес, бил физички нападнат од непознато лице. Тој го удрил момчето неколку пати со тупаници во пределот на главата, од што тоа се здобило со видливи повреди.
Поради тоа А.П. веднаш се упатил во велешката Болница, каде му била укажана лекарска помош. Од велешката полиција додаваат дека работа на расчистување на случајот, откривање на сторитеолот и мотивите за насилството.
Од Општинската организација на СДСМ во Велес објаснуваат дека на оваа улица тие немаат партиски простории, додека од ОК ВМРО-ДПМНЕ кај нив не е регистриран таков инцидент.
Tweet |