Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јуни 2011
Повторно гробните места од црквата Св.Спас цел на вандали. Велешанецот С.Д. звчера украл повеќе дрвени крстови од гробните места, ги искршил и запалил во предворјето од црквата Св.Спас. На огнот горел претходно украдени бакарни кабли.
Ова говиделе граѓани кои околу 11 часот, биле на црквата Св.Спас по што ги алармирале надлежните а тие го уапсиле крадецот. Против него СВР Велес ќе поднесе три кривични пријави, за сквернавње на гробни места, за предизвикување на општа опасност и кражба.
Tweet |