Петар Печков
Објавено: среда, 13 септември 2023
Понеделникот од пладне до вторникот наутро, извршена кражба во просториите од првиот кат во зградата на поранешниот синдикат. Насилно е влезено во простории на еколошка групација, пензионерско здружение и престорија на пратеник.
„На 12 септември, вторник, во СВР Велес било пријавено дека во периодот од 14.00 часот на 11.09.2023 до 08.30 часот на 12.09.2023 со употреба на сила било влезено во три деловни простории во објектот на поранешно кино „11 Октомври“ на улица „Цар Самуил“ во Велес и биле одземени повеќе предмети“ - информираше Билјана Ѓаковска од СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Tweet |