Петар Печков
Објавено: петок, 16 октомври 2015
Во периодот од први до петнесети октомври година од дома на велешанец украдени се пари, злато и пиштол.
Според информацијата на СВР настанот се случил на ул.„Стеван Богоев“, кога засега непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата сопственост на Т.А.(21), во период од две седмици додека тој бил отсутен од куќата.
Од таму одзел златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“ калибар 9 мм, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Tweet |