речник контакт

Кражби на опрема на МЖ

И натаму продолжува крадењето на опрема на ЈП Македонски Железници, со што се загрозува безбедноста на сообраќајот, на патниците и стоката.

Петар Печков

И натаму продолжува крадењето на опрема на ЈП Македонски Железници, со што се загрозува безбедноста на сообраќајот, на патниците и стоката. За првите три месеци од годинава, таа во регионот на Велешко е оштетена за еден милион денари. Откако се дозволи повторно откуп на старо железо, зголемен е бројот на кражбите во МЖ. Крадците не избираат што ќе украдат а со тоа и уништат дел од опремата. Полицијата ги фаќа сторителите, но кражбите продолжуваат.

- Крадците се толку дрски, што тоа го работат во ноќните часови пред наши очи. И додека ние стигнеме до местото, ја алармираме полицијата, тие избегале или  се сокриени тука блиску па работата ја продолжуваат подоцна. Тоа што го крадат го продаваат за малку пари, иако реалната вредност е и до десет пати повисока. Цехот го плаќа железницата – велат од велешката железничка станица.

Се крадат везици за спојување на шини, бакарни јажиња, колосечен прибор, метални делови од вагони. Пред месец дена беа украдени триста метри шини тешки 13 тони на два дела од пругата Велес-Кочани, Првата кражба се случила во близина на железничката станица „Тошо Арсов“ кај селото Милино, каде што од пругата, која не била во функција, и се украдени шест шини во должина од 30 метри.

Истовремено од пругата кај месноста Дурутовец арамии украле три шини. Крадците ги сечеле шините на парчиња од по два метра и како такви ги продавале на локалните отпади по цена од 13 денари за килограм, од што заработиле 2,5 илајди евра а МЖ е оштетена за 7,5 илјади евра. До пред некоја година масовно се крадеше сигнализационот кабел, со кој се поврзуваа сигурносните рампи на патните премини, по што тие не се спуштаа и возовите беа опасност по минувачите во градот. Откако тројца арамии, минатата година добија за ова вкупно 5 години затвор, кражбите престанаа.

- Со крадењето на железничката опрема во прашање се доведува безбедноста на сообраќајот и се предизвикува опасност по животот на луѓето а имотот се уништува. Како полициска станица превземаме мерки за откривање на сторителите и расветлување на овие случаи – вели Димитар Андонов, портпарол на СВР Велес.
Тие за овие три месеци фатиле, документирале и поднеле седум кривични пријави за тешка кражба и загрозување на безбеднсота на сообраќајот. Станува збор за организирани групи од 2 до 3 лица, кои оперираат, пленот го носат во трактор или автомобил и бргу изчезнуваат.Повеќето се повратници, сторители на кражби кои и претходно истото го сториле на имот или опрема на МЖ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »