Петар Печков
Објавено: петок, 15 април 2011
Панче Самарџиски ( 31 год) од Скопје загина откако тој со неговиот автомобил Сеат Ибица излетал од патот и слетал во провалија, висока 30-тина метри. Според велешката полиција до сообраќајката е дојдено поради не држење на страна при возењето како и не прилагодената брзина со условите на патот.
Очевидците на несреќата велат дека автомобилот поради големата брзина и лизгавиот пат, летнал од автопатот и среќна околност е што се задржал на дрво и не завршил во реката Вардар. За да му се укаже помош на возачот, присутните едвај се симнале до местото каде се задржала колата, но Самарџиски починал веднаш и нему му немало помош. Автомобилот е целосно уништен и материјалната штета се проценува на 300 илјади денари.
По два часа на улицата Алексо Демниевски Бауман, пред градската Библиотека тешко е повреден велешанецот А.М. ( 53 год) кој паднал од неговиот мопед АПН 4. Мотористот изгубил контрола над мопедот на лизгавиот асфалт, паднал на работ од тротоарот и се здобил со тешки повреди на главата. По ова е згрижен во велешката Болница но од таму поради сериозната здравствена состојба е префрлен во Клинички центар Скопје.
Tweet |