речник контакт

Крводарителска акција во населба Чашка

Собрани беа 27 крвни единици

Петар Печков

На денешната, четврток,  крводарителска акција, изведена во населба Чашка, собрани беа 27 крвни единици.  Така жителите  од населба Чашка и останатите населени места во општината повторно ја покажаа нивната хуманост.

На традиционалната пролетна крводарителска акција која заеднички ја организираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје се даруваа вкупно 27 крвни единици.

Поголем дел од дарителите или 22-ца беа од машки пол, а останатите пет од женски. Еден од дарителите за прв пат дарувал и се вброил како нов дел во најхуманото семејство – крводарители.

На двете крводарителски акции реализирани во јануари и во мај 2019 година во просториите на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка се даруваа вкупно 54 крвни единици или идентично на секоја од акциите по 27 дарувања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »