речник контакт

Крводарителството е привилегија на здравите луѓе, кажаа докторите на 17 март Денот на крводарителите

Од една единица дарувана крв се спасуваат три човечки животи, бидејќи со помош на сепартори се одделуваат црвените крвни клетки, плазмата и тромбоцитен концентрат.

Петар Печков

Крводарителството е привилегија на здрави луѓе, кажа д-р Мери Милчевска  од Заводот за трансфузиона медицина до Скопје а по повод 17 март денот на крводарителството, на свеченост која се одржа во организација на Општинската организација на Црвен крст Велес.

„Крводарителот секогаш пополнува прашалник за крводарител Потоа се оди на лекарски преглед и ако го мине се пристапува на дарување, процес кој трае 7-10 минути.  Тој е судски документ, бидејќи лицето треба да биде искрено на поставените прашања, дека е согласен да дарува крв и таа да биде тестирана на инфекции преносливи со крв. Потоа се одредува нивото на хемоглобин, дали дарителот може да дарува крв или не. По дарувањето следи малку одмор и дарување подарок. 

Причините за крводарителите да бидат одбиени се законски одредени. Можат да бидат привремено- самиот ден, две седмици, шест седмици кога нивото на хемоглобин не е задоволително кај мажите над 135 грама на литар а кај жените 125, висок крвен притисок, примање антибиотска терапија  моментална инфекција,  или трајно е добиен  кога дарителот  не смее повеќе да дарува се поради кардиоваскуларните заболувања, хепатит, користат инсулин,  носител на ХИВ,  заболувања на срце, бели дробови, бубрези.  

Од една единица дарувана крв се спасуваат три човечки животи, бидејќи со помош на сепартори се  одделуваат црвените крвни клетки, плазмата и тромбоцитен концентрат. Имаме посебен оддел каде се проверува крвта, се земаат контролни примероци. И ако има некој преносливи инфекции се известува дарителот.  Крводарувањето има физички и психолошки придобивки“ – кажа  д-р Милчевска.  

Во однос на итните повици за дарување крв, докторката рече:

„Тоа не се повици за недостаток на  крв, туку на  тромобцитен концентрат. Тоа е така бидејќи тие живеат пет дена“

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »