Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 август 2015
Креацијата ,,Невеста,, на велешанката Грозда Павлова победи на деветтата манифестација ,,Сладоледијада,, која во неделата навечер се одржа во Велес, во хотелот ,,Монтенегро,,. На натпреварувањето учествуваа осум жени, кои потрошија 100 кг сладолед, донација од производителот ,,Милина,,. Тие се натпреваруваа во создавање на креации од сладолед.
Прекрасно е чувството, овие пофалби и честитки што ги добив од присутните ме радуваат и исполнуваат. Идејата околу масата и невестата ми беше бидејќи тоа е единствениот и еден ден во живото ан секоја жена, кој се помни. Фустанот е од бисквити, сникерс и кикиритки. Не очекував дека ќе победам - рече победничката Павлова Грозда, која учествува по втор пат.
Се што тие подготвија беше консумирано од гостите на манифестацијата. Натпреварувачките имаа единствена потешкотија, само 10 минути да ја изработат нивната маса, оти сладоледот на високите температури бргу се топеше. Организатор на манифестацијата, која е единствена од таков вид во земјава, беше здружението ,,Креација 2009 ,,
Имаме голем одѕив, и од натпреварувачки и од гости, што радува. Сладоледот во лето е најбараниот и најомилен десерт во светот, било каде и на овој начин се обидуваме да ја наградиме креативноста кај жените - изјави Рајна Стојанова организатор на манифестацијата.
Второто место на натпреварувањето го освои Стефанка Ќулумова додека трета беше Сања Петрова. Сите тие добија награди сладолед а победничката и наградно викенд патување.
Дел од фотографиите се од Хотел Монтенегро, Стефан Стевановиќ
Tweet |