Петар Печков
Објавено: четврток, 10 декември 2020
Велешка Крзнара ја одбележа 78 годишнината од загинувањето на нивниот патрон, Димко Митрев. Пред неговата биста, во кругот на фабриката се положи цвеќе и се потсети на неговото дело, за кое го даде и животот.
На денешен ден во далечната 1942 година згасна неговиот живот , престана неговата борбена и револуционерна активност и се она што тој го вгради во НОВ, за слободата на својот народ. Одбележувајќи ја годишнината од неговата трагична смрт се потсетуваме на Димко Митрев и на неговото семејство Митреви, но и семејството Капчеви, за нивниот придонес за слободата на Македонија- беше кажано на настанот.
Поради важни потреби во партизанската организација Димко Митрев, иако е дел од партизанското движење, во летото 1942 се враќа во Велес. Тој заедно со Илија Капчев , од партиската организација добиваат задача да извршат диверзантска акција, со минирање на железничката линија Атина - Берлин, бидејќи за ракување и поставување на експлозивни направи имале најголемо искуство.
На 10.12.1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви и Трајко , Илија и Ката Капчеви.
Tweet |