Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2020
МВР информираше дека поднела кривична пријава за велешанец, кој организирал свадба во неговиот дом, во време кога е забранета поради пандемија на ковид-19.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 8-ми мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица - пишува во информацијата на МВР.
Со Уредба на Владата со законска важност, свадбите се забранети во овој период, заклучно и денес.
Tweet |