речник контакт

Кривична за двајца скопјани, кои превезувале мигранти

Настанот бил на 11 мај,на регионалниот пат Неготино-Демир Капија

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривични пријави против две лица, скопјани, кои биле затекнати како превезуваат мигранти. Настанот се случил пред две седмици на регионалниот пат Неготино -Демир Капија.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ф. и А.И., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти. На 11 мај годинава на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, пријавените биле затекнати како со патничко возило „ауди“ превезуваат осум лица мигранти, шест од Непал и двајца од Индија“ - соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »