речник контакт

Кривична пријава за организаторот на турнејата на српската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ

Организаторот на турнејата на српската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ низ Македонија, скопјанецот Христијан Тодоровски (25год) вработен во агенцијата Рака Мариќ, заработи...

Петар Печков

Организаторот на турнејата на српската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ низ Македонија, скопјанецот Христијан Тодоровски (25год) вработен во агенцијата Рака Мариќ, заработи кривична пријава за три дела измама.

СВР Велес го сомничи Тодоровски дека го измамил ЈП Парк спорт бидејќи иако во договорот последен рок за плаќање на концертот бил 22 мај, тој не го испочитувал договорот ниту пак писмено и усно ги известил до денот на одржувањето 25 мај дека го откажува. При тоа не бил подмирен надоместокот од 50 илјади денари за користење на салата 25 мај.

Тодоровски го измамил и лицето М.Н. од Велес кој продал 131 билет а претпладнето пред одржувањето на концертот парите ги земал и по откажувањето не ги обештетил купувачите, па тоа од свој џеб го сторил М.Н.

Третата измама менаџерот Тодоровски ја сторил кон агенцијата за обезбедување „Џек“ кои ги ангажирал. Тие вечерта спроти концертот на Јоксимовиќ биле присутни во салата 25 мај, но не биле исплатени.

СВР Велес се обидува да го пронајде осомничениот Хирстијан Тодоровски, но тој е недостапен на македонската полиција. Неговите родители информирале дека тој заминал за Лондон, каде ќе престојува наредниот период.

Ова е прв случај македонски менаџер да добие кривична пријава за измама за одложен концерт.

Јоксимовиќ требаше да одржи турнеја низ Македонија, но по концертот во Куманово настапите во Велес и Битола ги одложи. Информацијата за тоа Тодоровски му ја испратил по СМС порака на српската ѕвезда неколку часа пред настапот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »