Петар Печков
Објавено: петок, 03 април 2026
Со оваа промена треба да се законски да се застане на пат на заканите за објавување приватни видео секс снимки, но и објави на истите по социјалните мрежи
Поради засиленото онлајн насилство и честите дела со објава на приватни експлицитни снимки со секс, минатата година беа донесени измени во Кривичниот законик, поточно член 152-а кој сега гласи: воведување ново кривично дело „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина” со кое се врши инкриминирање на дејствија што подразбираат сторител на трето лице да му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално-експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето кое е прикажано на снимката или фотографијата или чиј глас е снимен на аудио записот.
За ова дело е предвидена казна затвор од 5 години, а истата казна важи и за тој што со употреба на компјутерски систем или на друг начин ќе изработи нова или ќе промени постоечка видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално-експлицитна содржина која се однесува на некое лице и ќе ја употреби таквата снимка, фотографија, аудиозапис или спис или ќе ги направи достапни на трето лице. Казната е поголема доколку се прошири по групи или повеќе лица, а во случај ова дело да е сторено врз дете, казната е и до 10 години затвор.
| Tweet |




