Петар Печков
Објавено: среда, 26 април 2023
Вторникот вечерта бркотница во Градско, кога двајца криумчари на мигранти бегале пред полицијата. При бегството оштетиле два автомобили, сопственост на лица од Градско а еден од мигрантите кои ги превезувале е потешко повреден. Завршиле во ископ близу Железничката станица.
„На 25 април во 22 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р.(22 год) и Ф.З.(22 год), двајцата од село Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик (трговија со луѓе). Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З. . Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки“ - соопштија од МВР.
Околу 21,45 била побарана е помош од Итната помош.
„Во истумбан автомобил,тројца пациенти се жалеа на повреди, дадена е здравствена помош, свесни, со политраума и префрлени на хируршко одделение на натамошен третман“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош.
„Околу 22,40ч. примени се тројца пациенти. Кај двајцата еден мигрант и еден од тие што управувале со возилото констатирани се лесни телесни повреди и се пуштени. Третиот пациент,мигрант според извршните компјутерски снимања има тешка телесна повреда“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30 год) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава најавија од полицијата.
Tweet |