Петар Печков
Објавено: четврток, 30 септември 2021
Велес беше домаќин на јубилејните 25-ти спортски игри на пензионерите од Македонија. Околу 200 учесници се дружеа, спортуваа и забавуваа еден ден во градот, а организатор беше Здружението на пензионери од Велес.
Учесниците настапија во пет дисциплини во машка и женска конкуренција. Севкупен победник е екипата на Куманово, пензионерите од тој град. Гостите беа поздравени од домаќинот Веле Алексовски.
„Спортувањето е многу важно во животот на највозрасната група граѓани- пензионерите. Во рамки на нивните можности, тие спортуваат, го одржуваат телото и духот, се забавуваат и го минат слободното време“ - рече Алексовски.
„ Овие спортски натпревари придонесуваат за здравиот живот и дека во третото доба е можно човек да се бави со спорт. Тие што дале свој придонес во сите сфери на живеењето, можат да дадат уште, токму на ова поле и да водат исполнет живот“ -кажа Станка Трајкова, претседател нa Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. .
Tweet |